Fatjon Cuka
28 Октомври 2020•Ажурирај: 28 Октомври 2020
ТИРАНА
Во рамките на операцијата организирана во соработка на албанските и либанските власти, во Албанија се вратија четири деца и жена, кои престојувале во камповите во Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Жената и децата кои престојувале во камповите во Сирија, во сојата земја се вратија по посетата на премиерот на Албанија Еди Рама и министерот за внатрешни работи Сандер Лешај во Либан во врска со операцијата.
„По едногодишните напори и благодарејќи на комплицираната операција четири албански деца од пеколниот камп Ал-Ховл се вратија во својата земја. Наскоро ќе се вратат и другите деца”, рече Рама за медиумите на аеродромот „Мајка Тереза" во Тирана.
Додаде дека се познати и другите деца кои се наоѓаат во кампот и оти верува дека и тие наскоро ќе се вратат во Албанија.
„Немаме никаква врска со режимот во Дамаск и потребна е дозвола за нивно преминување. Сето ова се случи благодарејќи на структурата на чело со либанскиот генерал Абас Ибрахим, а Ибрахим денес рече дека операцијата ќе продолжи”, рече Рама.
Премиерот на Албанија не говореше за бројот на децата од Албанија кои пред неколку години со своите семејства отидоа во камповите во Сирија и кои моментално таму се наоѓаат.
Четирите деца и жената, државјани на Албанија, на аеродромот беа дочекани од албанските функционери и семејствата.