Admir Fazlagic
27 Октомври 2020•Ажурирај: 28 Октомври 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа регистрирани се 628 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на регистрирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 27.827, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека се починати 15 лица, со што вкупната бројка на починати од овој вирус во земјата се искачи на 949.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 531 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупната бројка на оздравени пациенти од почетокот на епидемијата во земјата достигна 19.479.
Во моментов бројот на активни случаи во земјата е 7.399.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2236 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 238.011 тестирања.