Балкан

Од денес без гранични контроли меѓу Албанија и Косово

- Олеснетата процедура ќе важи девет месеци во годината, поточно од 1 мај до 30 септември и од 1 ноември до 28 февруари следната година

Agim Sulaj  | 01.05.2025 - Обновена : 01.05.2025
Од денес без гранични контроли меѓу Албанија и Косово

ПРИШТИНА

ПРИШТИНА (АА) - Од денес па сè до 30 септември, граѓаните на Косово и Албанија ќе можат да преминуваат без запирање на граничниот премин Врбница, низ кој минува Националниот автопат, јавува Анадолу.

Договорот, втора година по ред, се спроведува со цел олеснување на граничните процедури за возилата со регистарски таблички од двете земји.

Олеснетата процедура ќе важи девет месеци во годината, поточно од 1 мај до 30 септември и од 1 ноември до 28 февруари следната година.

Во овој период граѓаните на двете земји ќе преминуваат во другата земја без гранични контроли, овозможувајќи побрзо движење и избегнување на долгите чекања на границата.

За да се справат со зголемениот проток на патници, граничните власти во двете земји ги ангажираа сите расположиви шалтери, со цел да се избегнат долги чекања и да се гарантира најбрз и најефикасен премин.

Албанија е главна дестинација за туристите од Косово со години наназад.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.