Балкан

Неуспешен и деветтиот обид за конституирање на Собранието на Косово

Претседавачот со Собранието на Косово, Авни Дехари, овој пат предложи кандидатката на Движењето Самоопределување за претседател на Собранието, Албулена Хаџиу, да се гласа со тајно гласање

Agim Sulaj  | 01.05.2025 - Обновена : 01.05.2025
Неуспешен и деветтиот обид за конституирање на Собранието на Косово

ПРИШТИНА

ПРИШТИНА (АА) - Собранието на Косово не успеа да се конституира ни на денешната седница, деветти пат по ред, јавува Анадолу.

Претседавачот со Собранието на Косово, Авни Дехари, овој пат предложи кандидатката на Движењето Самоопределување за претседател на Собранието, Албулена Хаџиу, да се гласа со тајно гласање, бидејќи за тоа, како што рече, постои можност според законот.

Но, на ова се спротивставија Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Демократската партија на Косово (ПДК) и Алијансата за иднината на Косово (ААК).

Од 110 присутни пратеници во салата, само 55 гласаа за овој метод на гласање, 1 беше против, и немаше воздржани.

„Ја прекинуваме седницата, се гледаме на 3 мај во 10:00 часот“, рече Дехари по неуспешното гласање.

Пратениците на деветиот состав на законодавниот дом, кои положија заклетва на 19 април, не ѝ даваат поддршка на Хаџиу, кандидатка на движењето Самоопределување за претседател на Собранието на Косово.

Пред продолжувањето на седницата, вршителот на должноста премиер, кој е и лидер на движењето Самоопределување, Албин Курти, ги покани претседателите на Демократската партија на Косово, Мемљи Красниќи, кој се одзва на поканата, и на Демократскиот сојуз на Косово, Љумир Абдиџику, кој одби, на консултативен состанок со цел конституирање на нов Парламент.

Пратениците досега гласаа шестпати за претседател на Парламентот, но секој пат без успех.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.