Балкан

Војници на Северна Македонија патролираа во Пеќ во рамките на мисијата на КФОР

- Војници на Северна Македонија на Регионалната команда „Запад“ на мисијата КФОР спроведоа патрола со цел одржување на стабилноста и безбедноста на подрачјето

Oktaj Omeragikj  | 30.04.2025 - Обновена : 30.04.2025
Војници на Северна Македонија патролираа во Пеќ во рамките на мисијата на КФОР

ПРИШТИНА (АА) - Војниците на Северна Македонија од Регионалната команда „Запад“ на мисијата КФОР предводена од НАТО спроведоа патроли во општина Пеќ за одржување на стабилноста и безбедноста во подрачјето, известува Анадолу.

КФОР објави известување на социјалните мрежи за патролата што војниците од Северна Македонија ја спроведоа во подрачјето на Пеќ, со цел одржување на стабилноста и безбедноста во ова подрачје.

Според податоците од КФОР, во оваа мисија служат 67 војници од Северна Македонија.

КФОР продолжува да го спроведува својот мандат, врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) од 1999 година, за обезбедување безбедна средина за сите заедници што живеат во Косово и за гарантирање на слободата на движење, во секое време и на непристрасен начин.

По Полицијата на Косово и Мисијата на ЕУ за владеење на правото на Косово (ЕУЛЕКС), КФОР е третиот безбедносен елемент во Косово, кој дејствува во тесна координација со горенаведените.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.