Furkan Naci Top
25 Јануари 2019•Ажурирај: 25 Јануари 2019
АТИНА (АА) - Во текот на одржувањето на седницата во грчкиот Парламент на која се диксутираше за Преспанскиот доовор, за решавање на спорот со името меѓу Македонија и Грција, во грчкиот главен град Атина се организираа протести против овој договор при што демонстрантите се судрија со полицијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Околу две илјади лица меѓу кои екстремно десничарски групи како и свештеници, за време на одржувањето на парламентарната дебата се собраа на плоштадот Синтагма каде се наоѓа и Парламентот на Грција.
Додека премиерот на Грција, Алексис Ципрас имаше свое обраќање во Парламентот, демоснтрантите фрлаа камења и пуштаа огномет, а полицијата интервенираше со солзавец и димни бомби против група демонстрантите.
Откако тензиите се зголемија, грчките специјални сили интервенираа со пендреци против демонстрантите, а голем број лица беа погодени од солзавец.
Од друга страна, со повикот на Комунистичката партија на Грција (KKE), над 4.000 демонстранти се собраа пред амбасадата на САД во Атина.
Поддржувачите на KKE кои тврдат дека договорот меѓу двете земји е постигнат со притисок на САД, извикуваа пароли против владата и против НАТО.
Според вестите во грчките медиуми, исто така и во Солун се одржаа протести каде демонстрантите се судрија со полицијата.
Гласањето за договорот од Преспа кој се очекуваше да се реализира во доцните часови во четвртокот, е одложен за денес (петок).
Ципрас во свое обраќање во Собранието рече дека имаат историска и национална обврска за да се стави крај на спор кој трае околу 30 години.
Грчкиот премиер нагласи дека поради лошата надворешна политика на Грција, над 130 земји меѓу кои САД, Русија и Кина, ја признаваат соседната земја под уставното име Република Македонија, и дека целата јавност тоа го прифаќа на тој начин.
„Грција ќе ги враќа историјата, симболите и традицијата, кои ѝ припаѓаат на античка грчка Македонија. Северна Македонија ќе се претвори во еден пријател и сојузник кој ќе соработува со Грција за мирот и безбедноста“, истакна Ципрас.
„Денес е ден на национална гордост. Денешниот ден во историјата ќе се памети како ден на започнување на една нова ера“, додаде грчкиот премиер.
Од друга страна, претседателот на главната опозициска партија Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис, Преспанскиот договор го опиша како национален срам. „Ова е национален пораз. Овој договор е напад врз историјата и фактите на оваа земја“, рече Мицотакис.
Потсетуваме, на 11 јануари оваа година Собранието на Република Македонија со двотретинско мнозинство ги усвои уставните измени, со кои ќе се промени уставното име на Република Македонија во Република Северна Македонија по стапување во сила на Договорот за решавање на спорот за името со Грција (Преспански договор).
Договорот за решавање на спорот за името со Грција (Преспански договор), во јуни минатата година, во Преспа, го потпишаа владите на Македонија и Грција.
Откако договорот е ратификуван во Собранието на Македонија, потребно е да биде ратификуван и во Парламентот на Грција.