Bayram Altuğ
25 Јануари 2019•Ажурирај: 26 Јануари 2019
ДАВОС (AA) - БАЈРАМ АЛТУГ - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги пофали економските и трговските односи на својата земја со Турција, изјавувајќи дека се чувствува горд поради добрите односи меѓу овие земји, јавува Anadolu Agency (AA).
„Горд сум на многу добрите односи помеѓу Турција и Србија“, рече Вучиќ и укажа на важноста од дополнително унапредување на тие односи, за што, како што рече, треба уште повеќе да се работи.
Српскиот претседател потсети дека во текот на 49. Светски економски форум во Давос имал можност да се состане и со турскиот министер за финансии и трезор, Берат Албајрак.
Вучиќ изјави и дека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во јуни ќе ја посети Србија.
„Со нетрпение очекувам да го видам турскиот претседател Ердоган во Белград во јуни. Посетата е потврдена и тоа е добра вест за нас“, рече Вучиќ во изјава за AA.
Според неговото мислење, обемот на трговската размена меѓу Турција и Србија ќе биде значително зголемен, а политичките односи уште повеќе унапредени.