Vesna Besic
11 Јули 2020•Ажурирај: 12 Јули 2020
ПОТОЧАРИ
На гробиштата на Меморијалниот центар Сребреница - Поточари извршена е погребна молитва и погребани се девет жртви од геноцидот кој во летото во 1995 година во Сребреница го извршија воените, полициските и паравоените формации од Република Српска и Србија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Молитвата ја предводеше реис ул-улема на Исламската верска заедница во Босна и Херцеговина Хусен ефенди Кавазовиќ. На денешното одбележување на 25. годишнина од геноцидот извршен во јули 1995 година присуствуваа илјадници луѓе.
Пред погребната молитва организиран е верскиот дел од програмата, а потоа со читање на имињата почна изнесувањето на ковчезите од од Меморијалниот центар.
Преживеаните Сребреничани, членовите на семејствата на убиените, пријателите и соседите на раце ги пренесоа зелените ковчези со посмртните остатоци до гробиштата каде се погребани жртвите од геноцидот по 25 години.
Во Меморијалниот центар „Поточари“ оваа година погребани се: Сеад (Хусо) Хасановиќ, роден во 1971 година во Кривача; Алија (Бекто) Суљиќ, роден во 1969 година во Познановиќи; Хасан (Алија) Пезиќ, роден во 1925 година во местото Пустоше; Хасиб (Шабан) Хасановиќ, роден во 1970 година во Слатина; Зухдија (Суљо) Авдагиќ, роден во 1947 година во Нова Касаба; Бајро (Рамо) Салиховиќ роден во 1943 година во Волјавица; Ибрахим (Хамид) Зукановиќ, роден во 1941 година; Салко (Ахмо) Ибишевиќ, роден во 1972 година во Љубовија и Кемал (Хусеин) Мусиќ, роден во 1968 година во Глогово.
Во Меморијалниот центар „Поточари“ доссега, со денешните 9, погребани се 6.652 жртви на геноцидот, а се трага по уште повеќе од илјада убиени жители на Подриње.
Посмртните остатоци на жртвите на геноцидот пронајдени се на околу 150 различни локалитети, од кои повеќе од 70 се масовни гробници.
Досега најмладата погребана жртва во Поточари е новороденчето Фатима Мухиќ, а највозрасната Шаха Измирлиќ, родена во 1901 година.
Пред судовите во регионот и во Хал за злосторствата извршени во Сребреница досега се осудени 47 лица, на повеќе од 700 години затвор, а изречени се и четири доживотни казни затвор.