Bekim Laci
13 Септември 2018•Ажурирај: 14 Септември 2018
СКОПЈЕ (АА) - Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини која денеска престојува во Скопје упати апел до граѓаните на Македонија дека нивниот глас на претстојниот референдум на 30 септември е клучен за Европската унија, јавува Anadolu Agency (AA).
Могерини ова го порача на денешната заедничка конференција за медиумите со премиерот на Македонија, Зоран Заев, по нивната посета на Старата чаршија во Скопје, при што високата претставничка на ЕУ истакна дека граѓаните на земјата не треба да молчат пред својата иднина и да не ја пропуштаат можноста, бидејќи тие се одговорни за својата иднина.
Таа рече дека е среќна што има шанса во Скопје да разговара за заедничката, европска иднина на Македонија и ја поздрави храброста на Владата и политичката одговорност, за, како што рече, надминување на историските потешкотии.
„Токму оваа политичка храброст, лидерство и одговорност кулминираше со историски момент, којшто цела Eвропа го поздрави а тоа е постигнувањето на Договорот за името со Грција. Со постигнувањето на овој договор се покажа силата на дипломатијата и дијалогот којшто се склучува во југоисточна Еврпа", рече Могерини додавајќи дека токму овој договор претставува инспирација за целиот регион на Западен Балкан, но и пошироко.
Високата претставничка на ЕУ, Могерини, од Старата скопска чаршија упати порака до граѓаните на Македонија.
„Запамтете на 30 септември кога ќе одите на гласачките места да гласате на референдумот, запомнете дека вие сте тие кои ги држите клучевите на вашата иднина во вашите раце. Клучевите не се во рацете на никој друг, освен кај вас. Не дозволувате некој друг да го направи тоа за вас. Не молчете пред вашата иднина, не можете да ја пропуштите вашата можност, затоа што Вие сте одговорни за вашата иднина", порача Могерини и додаде дека ова не се избори, ниту пак нешто поврзано со политика.
Таа додаде и дека граѓаните мора да бидат сигурни и убедени дека кога ќе се разбудат на 1 октомври, дека направиле избор која засега нивната иднина.
Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, рече дека одлуката на ЕУ да ги остават отворени портите за европското семејство на неговата земја беше од пресудно значење, но и силна мотивација, да се реши спорот околу името со Грција.
Тој додаде и дека денеска ја имал честа да се обрати во Европскиот парламент (ЕП), за прв пат на македонски јазик.
„Сега ние граѓаните на Република Македонија треба да покажеме заендиштво и одлучност на претстојниот референдум на 30 септември да донесеме одлука за Договорот, да донесеме одлука за нашата иднина. За нас перспективата за членство во ЕУ е обединечки фактор кој ги обединува сите општествени чинители и сила за успешно спроведување на рефомите и справување со предизвиците со кои се соочуваме на тој пат", рече Заев.
Во рамките на посетата на Македонија, Могерини ќе се состане со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и со претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов.