Admir Fazlagikj,Besar Ademi
13 Септември 2018•Ажурирај: 14 Септември 2018
СКОПЈЕ (АА) - Помошник државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Вес Мичел изјави дека САД го поддржуваат евроатланскит пат на Македонија, порачувајќи дека стабилен, безбеден и напреден Балкан е во интерес и на Македонија, и на Европа, но и во интерес на Америка, јавува Anadolu Agency (AA).
Мичел кој престојува во официјална посета на Република Македонија по средбата со премиеот Заев ги поздрави напорите на Макеоднија и Грција за како што рече „историскиот Договор од Преспа", договор, кој го смета за тежок, за кој била потребна пожртвуваност од двете страни.
Според американскиот дипломат Мичел референдумот на 30 септември годинава, е историска можност за граѓаните на Македонија, на кои им порача да го остварат своето основно право и да гласаат.
„Тоа е во интерес на Македонија, да се осигура дека се слуша гласот на граѓните. Не мислам дека ова е момент кога сакате вашиот глас да не се слуша. Сметам дека е важно да се слушне вашиот гласот и да го изразите јасно своето мислење. САД ја поддржуваат Македонија во овој процес и веруваме дека е и во интерес и на Македонија, и во интерес на Европа, но и во интерес на Америка да видат стабилен, безбеден и напреден Балкан", изјави Мичел.
Американскиот дипломат рече дека денеска во Скопје имал продуктивни разговори со премиерот Заев, претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, министерот за надврешни работи Никола Димитров, со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, како и со бизнис заедниците и со граѓанското општество.
Тој го повика лидерот на опозицијата да ги повика граѓаните на Македонија да го изразат своето мислење на референдумот на 30 септември.
Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, истакна дека посетата на високиот американски дипломат Мичел е силно охрабрување за Макеоднија и нејзините граѓани за успешен референдум, на кој, како што рече, граѓаните ќе одлучат за својата иднина.
„Референдумот е шанса за остварување на нашите стратешки цели, тоа се цели на сите претходни генерации донесени како наша суверена одлука со сеопшт политички и меѓуетнички консензус. Убеден сум а анкетите тоа го потврдуваат дека огромен процент од нашите граѓани на 30 септември ќе одлучат дека нашата иднина е да бидеме земја членка на најмоќниот безбедносен сојуз - НАТО, и на најмоќната економска заедница - Европската унија. Тоа е патот на кој сакаме сите да зачекориме обединети", рече Заев и ги повика лидерите да излезат и да ги поканат граѓаните да гласаат на референдумот за доброто на државата и на сите граѓани.
Тој ја повика опозицијата да се определи јасно во однос на претстојниот референдум и нагласи дека е потребно лидерство кое што ќе го препознае сегашниот момент.
Македонскиот премиер упати благодарност до САД, за кои рече дека се сојузници и стратешки партнери на Македонија, истакнувајќи дека нивната поддршка е знак дека земјата е на вистинскиот пат.
Инаку, за прв пат, помошник државниот секретар Мичел ја посети Македонија во март годинава, кога рече дека американската администрација е, и ќе биде повеќе вклучена во спорот за името меѓу Македонија и Грција, но дека Договорот за спорот со името треба да биде плод на помирување помеѓу Скопје и Атина.