Балкан

Иванов се состана со Могерини

„Мојот став е непроменет. Стратешка цел на Република Македонија е членство во Европската Унија и во НАТО Алијансата. Ho, ЕУ и НАТО не смеат да бидат алиби за лош договор со кој се отвораат многу повеќе прашања, одошто се затвораат", порача Иванов.

Admir Fazlagic  | 13.09.2018 - Обновена : 14.09.2018
Иванов се состана со Могерини (Фото: Кабинет на претседателот на Република Македонија)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ја прими Федерика Могерини, висок претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и заменик-претседател на Европската комисија, пренесува Anadolu Agency (AA).

Како што соопшти кабинетот на претседателот Иванов, на средбата беа разменети мислења за актуелната политичка состојба во Република Македонија и за процесот на европска интеграција, како и за клучните предизвици со кои се соочува регионот.

Претседателот Иванов истакна дека и понатаму ќе ги поддржува европските и евроатланските интеграции на Република Македонија кои се од огромно значење за просперитетот на државата, но истовремено порача дека „стратешките цели не смеат да се злоупотребуваат на сметка на националните интереси и интересите на македонскиот народ."

„Мојот став е непроменет. Стратешка цел на Република Македонија е членство во Европската Унија и во НАТО Алијансата. Ho, ЕУ и НАТО не смеат да бидат алиби за лош договор со кој се отвораат многу повеќе прашања, одошто се затвораат", порача претседателот Иванов на средбата со Могерини.

Претходно денеска, Могерини во придружба со премиерот Заев ја посети Старата скопска чаршија и одржаа заедничка конференција за медиумите, при што упати апел до граѓаните на Македонија дека „нивниот глас на претстојниот референдум на 30 септември е клучен за Европската унија".

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.