Балкан

Министерот за култура на Северна Македонија, Исмаили, упати честитка до Агенција Анадолија

„Денеска слободно можеме да кажеме дека Агенцијата „Анадолија“ е влијателна светска новинска агенција, која има посебно и значајно место во македонскиот медиумски простор", се вели во честитката на министерот Исмаили

Admir Fazlagic  | 05.04.2020 - Обновена : 05.04.2020
Министерот за култура на Северна Македонија, Исмаили, упати честитка до Агенција Анадолија ( Foto: Arhiva/ AA )

СКОПЈЕ (АА) - Министерот за култура на Република Северна Македонија Хусни Исмаили упати честитка до новинската Агенција Анадолија (АА) по повод јубилејната 100. годишнина од основањето на агенцијата.

„Дозволете ми срдечно да ве поздравам и да го изразам моето големо задоволство што денеска, преку оваа порака во писмена форма, имам можност да ви го честитам големиот јубилеј, 100 години од постоењето на информативната агенција „Анадолија“, која еден век претставува еден од симболите на Република Турција во светот", вели министерот Исмаили во честитката.

„Ова е навистина значаен јубилеј кој несомнено ја потврдува важноста на постоењето на оваа турска информативна агенција, која свое претставништво има и во Република Северна Македонија, агенција која низ годините имаше своевидна мисија, да стане столб на информирањето за активностите на општествено поле во Република Турција, и за многу други сегменти од случувањата на глобално ниво", пишува во честитката.

„Денеска слободно можеме да кажеме дека Агенцијата „Анадолија“ е влијателна светска новинска агенција, која има посебно и значајно место во македонскиот медиумски простор. Нејзините новински работници со својата посветена работа, со многу професионализам и ентузијазам секојдневно ги бележат и случувањата во македонскиот општествен, политички, економски и се разбира културен контекст. На мое големо задоволство, новинарите на Агенцијата „Анадолија“ се партнери и поддржувачи на македонската култура, а дел од виртуелниот простор на оваа етаблирана агенција се и активностите на нашите уметници, чии дела се дел од мозаикот на светската културна сцена", се наведува во честитката и се истакнува:

„Затоа во оваа прилика со посебно внимание би сакал да ги истакнам заложбите на сите членови на оваа Агенција, да им го честитам големиот јубилеј и да им посакам долговечност преку која и во иднина ќе го градиме пријателството и довербата помеѓу Република Северна Македонија и Република Турција."

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.