Admir Fazlagic
21 Јуни 2017•Ажурирај: 22 Јуни 2017
КУМАНОВО (АА) - Изгревање на сонцето (летен солстициј) за време на летната долгоденица (најдолгиот ден) во мегалитската опсерваторија Кокино во Куманово, претставува вистинска атракција не само за локалното население, туку и за странските туристи од различни земји од светот кои го посетуваат ова место, јавува Anadolu Agency (AA).
Опсерваторијата стара 3.800 години е откриена во 2001 година во атарот на општината Старо Нагоричане, на оддалеченост од околу 75 километри од Скопје, односно 35 километри од Куманово. До неа води асфалтен пат, а последните 500 метри треба да се пешачи за да се стигне до самата опсерваторија.
Според НАСА, опсерваторијата е рангирана како четврта најстара опсерваторија во светот по египетската опсерваторија Абу Симбел, британскиот Стоунхенџ и Анкор-Ват во Камбоџа.
- Богати археолошки локалитети
Специфичните пукнатини во андезитните карпи им овозможиле на предисториските луѓе релативно лесно да да ги обликуваат структурите кои се користеле како планиснко засолниште, како и елемантите на на мегалитската обсерваторија, се наведува во презентацијата објавена на официјалниот сајт на опсерваторијата Кокино. Според истата, сите структури се наоѓаат на две скалести латформи со висинска разлика од 20 метри.
Археолошките истражувања на локалитетот започаа во 2011 година и веќе со првите ископувања беше евидентно дека ова ќе биде едно од најбогатите археолошки локалитети од Бронзеното доба во Република Македонија.
Систематските арехеолошки истражувања кои продолжија во текот на наредните години открија огромно количство на археолошки материјал.