Admir Fazlagic
17 Февруари 2017•Ажурирај: 18 Февруари 2017
СКОПЈЕ (АА) - Граничниот премин Евзони деенска е прооден за сите видови на возила, а блокадата од трактори е отстранета, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ова го соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Република Македонија (МВР), наведувајќи дека е остварен контакт помеѓу одговорните полициски службеници од граничниот премин Богородица и од граничниот премин Евзони.
„Денес (17.02.) остварен е контакт помеѓу одговорен на смена- полициски службеник од ПС за ГП и ГН Богородица со одговорениот на смена од ГП Евзони, при што сме известени дека штрајкот на грчките земјоделци е прекинат и дека блокадата од трактори на ГП Евзони е отстранета. Патот е прооден за сите видови на сообраќај", соопштија од МВР.
И од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) соопштија дека граничниот премин Евзони деенска е прооден за сите видови на возила, како и дека е отстранета блокадата од трактори.
Поради штрајк на грките земјоделци Евзони беше затворен за секаков вид сообраќај од 30-ти минатиот месец.