Besar Ademi, Cuneyt Davut
23 Март 2016•Ажурирај: 23 Март 2016
ИДОМЕНИ (АА) – Група од десетици бегалци, меѓу кои и деца, во знак на протест маршира од кампот околу 3 километри далеку од Идомени преку автопатот што ја поврзува Македонија и Грција кон граничниот премин "Евзони", јавува Anadolu Agency (AA).
Поради протестот и маршот на автопатот, граничниот премин "Евзони" околу еден час остана блокиран. Бегалците со плакати на кои пишуваше "Отворете ги границите", "Доста ни е од неправдата" , "Ние сме уморни "," Тука умираме полека "... бара Македонија да ја отвори границата за бегалците.
"Сакаме да живееме во слобода, бидејќи ние сме луѓе и ние имаме потреба за оваа слобода. Ние ја напуштивме нашата татковина, затоа што изгубивме сè и дека немаме зошто да се вратиме. Ве молиме отворете ги границите, зашто ние не сме терористи, но ние сме луѓе на мирот. Сакаме да живееме како луѓе, а не како животни ", изјави Фади од Сирија.
"Ние сме тука, бидејќи нашите земји не се безбедни. Да беа безбедни нашите земји, ние не би дошле во Грција. Апелирам до европските држави да ги отворат границите, бидејќи нашиот живот тука е многу тешко. Времето е ладно, а со нас имаме и многу мали деца ", рече Лати од Ирак.
Во меѓувреме во Евзони продолжува да се зголемува бројот на полициските сили, од друга страна во кампот за бегалци во Идомени во тешки услови за живот престојуваат околу 12 илјади бегалци, кои чекаат да го продолжат "патот на надежта" кон Европа.