Admir Fazlagic
17 Јануари 2017•Ажурирај: 17 Јануари 2017
СКОПЈЕ (АА) - Облачно и релативно студено време со повремени врнежи од снег преовладува денеска во Македонија. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најмногу снег во Македонија има во Лазарополе, 71 сантиметар, а најстудено е во Маврово, каде во седум часот изутрина се измерени -8 степени, јавува Anadolu Agency (AA).
Висината на снежната покривка во Маврово е 64 сантиметри, 41 сантиметар во Пожаране, 29 во Берово, 28 Ѓуруште, 25 во Tетово, 22 Крушево, 19 Битола, 18 Струмица, 15 Скопје Петровец, 14 Скопје, 12 Крива Паланка, 11 Тополчани.
Минус пет степени се измерени во Крушево, Лазарополе, Берово, -4 Пожаране, -3 Претор, Ѓуриште, Тетово, Тополчани, -2 Крива Паланка, Куманово, Струмица, Битола, Скопје, Прилеп, Скопје Петровец, -1 Демир Капија, а нула во Штип, Дојран, Охрид, Гевгелија, Виница.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи УХМР, времето во Македонија е облачно со повремени врнежи од снег, само на пониските места на југоисток, на југоистокот врнежите се од дожд и снег. Според најавите до крајот на денот ќе биде облачно со повремени врнежи од снег, само на пониските места на југоисток врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен и источен правец. Температурата ќе достигне од 0 до 6 степени.
Во главниот град на Македонија,Скопје, времето ќе биде облачно со повремен снег и со слаб ветер од источен правец. Температурата до околу 2 степена.
- Снежните врнежи го отежнуваат сообраќајот
Снежните врнежи што ја зафатија Македонија го отежнуваат сообраќајот на повеќе патни правци. Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има на патот Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.
Патниот правец Македонски Брод - с.Здуње на кој гравитираат 11 села, не е прооден за секаков вид на сообраќај. Сообраќајот на другите патишта низ државата се одвива тековно во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува за македонската страна на премините.
Авионскиот и железничкиот сообраќај засега се одвиваат без застои.