Ekipa
29 Јануари 2017•Ажурирај: 30 Јануари 2017
ВАН (АА) - Обилните врнежи од снег во источна Турција блокираа над илјада локални патишта, поради што стотици села останаа отсечени од остатокот на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Од обилните снежни врнежи најтешко е погоден градот Ван, каде што зимските служби се обидуваат да ги одблокираат патните правци до над 700 села, блокирани од снежните наноси.
Слична е ситуацијата и во градовите Битлис, Муш и Хакќари, каде што без патна комуникација останаа над 200 села и населби на периферијата.
Локалните жители во блокираните села се борат со снегот кој целосно ги завеа куќите и автомобилите.
Од метеоролошкиот завод предупредуваат дека снежните врнежи во овие региони може да продолжат и во наредните три дена, а локалното население се повикува на дополнителни мерки на претпазливост.
Службите за расчистување на снегот се на терен и работат на расчистување на патиштата. На терен се и екипите за отстранување на проблемите во водоснабдувањето и дистрибуција на електрична енергија.