Özgün Tiran,Hakan Mehmet Şahin
29 Јануари 2017•Ажурирај: 29 Јануари 2017
ЕДРЕНЕ (АА) - Турскиот министер за одбрана, Фикри Ишик, истакна дека во земјата од средината на 2015 година до денес се неутрализирани околу 10.000 припадници на терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Ишик во турскиот град Едрене се сретна со семејствата на загинатите херои и на воените ветерани.
Министерот нагласи дека нивната најважна обврски кон семејствата и загинатите е да се победат сите опасности кои ѝ се закануваат на Турција. Тој додаде дека борбата против ПКК ќе продолжи сè додека организацијата не биде поразена.
„Во југоисточна Турција водиме жестока борба против терористичката организација ПКК. Фала му на Бога, скршен е нејзиниот рбет. Од 24 јули 2015 година до денес се неутрализирани околу 10.000 терористи. Припадниците на нашите безбедносни сили и во зимски услови ја продолжуваат борбата“, рече Ишик.
Тој нагласи дека на крајот предавниците ќе бидат принудени целосно да се откажат од своите намери.
Според него, поради одредени предавници во Турција дојде до низа ограничувања, и дека понатаму е интензивирана борбата против тероризмот со цел таквите лица да бидат отстранети.
Турскиот министер за одбрана Фикри Ишик рече дека е очигледно оти ФЕТО е најподла терористичка организација.
Тој во таа пригода потсети на настаните што се случија на 15 јули 2016 година, кога воените лица лојални на терористичката организација ФЕТО се обидоа да изведат државен удар во Турција.
„Ќе ја продолжиме оваа борба до крај. Тоа е нашата основна должност кон загинатите херои“, рече Ишик кој додаде дека одредени сили поставиле пречки и настојуваат да ја забават брзината со којашто се развива Турција.
Ишик укажа на борбата против терористичката организација ДЕАШ.
„Кон Килис секој ден се лансираат проектили. Во различни градови се одвиваат терористички активности со цел дестабилизација на Турција. Кога на Турција ѝ дојде до грло ја започна офанзивата ,Штитот на Еуфрат'. Од тој ден до денес од ДЕАШ е ослободена територија од 2.000 километри. Нашата цел е целосно отстранување на ДЕАШ од регионот“, нагласи Ишик.
Притоа истакна дека секојдневно има сè повеќе турски проекти во одбранбената индустрија, и дека е сè помала зависноста од други земји во овој сектор.
Тој рече дека турската национална јуришна пушка успешно ги поминала тестовите на НАТО.
„Ние ги користиме нашите пушки, нашите тенкови. Наскоро тенкот Алтај ќе го доведеме во фаза на сериско производство“, најави Ишик, додавајќи дека во борбата против тероризмот се користат национални беспилотни летала.