СКОПЈЕ (АА) – Македонија, која подолг период се бори со политичката криза во земјата, по вчерашниот избор на претседател на парламентот, повторно е на дневниот ред во светската јавност, јавува Anadolu Agency (AA).
Со цел да и се стави крај на политичката криза која трае повеќе години владее во земјата, со посредство на Европската унија, на 11 декември беа организирани предвремени парламентарни избори кои не дадоа разрешница. На изборите ниту една политичка партија не го освои потребно мнозинство за да може самостојно да формира влада, што беше предзнак за нова криза.

Во македонскиот парламент кој бори 120 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ има 51 пратеник, СДСМ 49, ДУИ 10, БЕСА 5, Коалиција Алијанса за Албанците 3 и Демократска партија на Албанците 2 пратеника.
Претседателот Ѓорге Иванов на Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му го предаде мандатот за формирање на нова влада, но Груевски во законскиот рок не успееа да формира влада.
Груевски не успеа да се договори со албанските партии, што и отвори пат на СДСМ. Зоран Заев, лидерот на СДСМ успеа да се договори со албанските партии во Македонија, со што оствари мнозинство во парламентот, кое му го презентираше напретседателот Иванов. И покрај постигнатите услови за добивање на мандатот за формирање влада, Иванов не ја одобри новоформираната коалиција на Заев, со што кризата се продлабочи.
Иванов својот став го бранеше со тоа дека е формираната платформа на албанските партии противуставна и со самото тоа и платформата нема на стапување во коалиција. ВМРО-ДПМНЕ во тој период започна да бара предвремени избори. Поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ со денови протестираа против СДСМ која на албанските партии им вети признавање на албанскиот јазик како слуќбен јазик на ниво на цела Македонија.
- По изборот на претседател на парламентот, политичката криза ескалираше во физичка пресметка
Со недели парламентарците се собираа со цел да се избере претседател на парламент, но ВМРО-ДПМНЕ на секаков начин успеваше да го блокира тој процес. Се чинеше дека седницата која се одржа вечерта на 27. април ќе има резултат и ќе ја реши кризата. Претставниците на СДСМ и коалицијата која што ја предводат, рекоа дека ќе го изберат претседателот на парламентот, дури и без присуство на ВМРО-ДПМНЕ, на што протестираа пратениците на оваа партија.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ станаа на нозе и почнале да ја интонираат државната химна. По ова лидерот на движење БЕСА, Зекирија Ибрахими излезе на говорницата и почна да ја интонира албанската химна.
По ваквиот развој на настаните, седницата беше одложена за наредниот ден, сепак истата не беше одржана, поради непостоење услови за нејзинот одржување.
При гласањето за новиот претседател на Собранието, некои пратеници од редовите ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата, но СДСМ и нејзинит албански коалициски партнер продолжија да заседаваат со седницата и со 61 глас за го изгласаа Талат Џафери, пратеник на ДУИ за нов претседател на парламентот на Македонија.
На веста за избор на претседател на парламентот, приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ се собраа пред зградата на парламентот, итакнувајќи дека изменувањето на новиот претседател на парламентот е неуставно. Во екот на протестите, маскирани лица упаднаа во просториите на парламентот и физички ги нападнаа пратениците. Меѓу поредените пратеници е и Зоран Заев, лидерот на СДСМ.
- Повредени 100 лица
Според информациите од министерството за внатрешни работи, во инцидентот се повредени вкупно 100 лица, меѓу кои има три пратеници и 22 полицајци.
Едно од маскираните лица, кој истовремено бил и вооружен, присили група луѓе кои се наоѓале во парламентот да останат во една просторија, заканувајќи им се дека ќе ги убие доколку не го послушаат. Меѓу заложниците во собата беше и Ведат Абдул, снимател на Anadolu Agency.
Абдул и останатите заложници по интервенција на безбедносните сили се ослободени и пуштени на слобода.
Шест часа по инцидентот, зградата на парламентот остана празна, а во близината често се слушаа експлозии.
- Реакции на меѓународната заедница
Инцидентот во македонскиот парламент го осудија ОН, НАТО и ЕУ. Осуда пристигна и од земјите од регионот, првенствено, Србија, Косово и Турција.
ОН истакна дека е неприфатливо насилството врз демократските институции и пратениците.
Портпаролот на ОН, Стефан Дужарик рече дека ситуацијата во македонскиот парламент ја следат со голема загриженост и повика на разумност.
Генералниот секретар на НАТО ги повика политичките актери на умереност и почитување на демократскиот процес
„Политичкиот дијалог е единствен разумен и соодветен начин за доброто на сите граѓани во земјата“, изјави Столтенберг.
Во пораката на високите претставници на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Фредерика Могерини и комесарот за проширување на Европската унија Јоханес Хан најостро ги осудија нападите врз членовите на парламентот во Македонија.
Премиерот на Србија, Александар Вучиќ во телефонска изјава за српската информативна агенција ТАНЈУГ апелираше за смирување на ситуацијата во Скопје и рече дека не станува збор само за проблем во Македонија, туку на сите грѓани кои живеат на овие простори.
На случувањата во Македонија реагираше и претседателот на Косово, Хашим Тачи, кој апелираше сите да се воздржат од насилни дејствија, а истовремено го поздрави и изборот на новиот претседател на парламентот. На својот профил на друштвената мрежа Фејсбук наведе дека „стабилноста и функционирањето на демократските институции во Република Македонија се во интерес на нејзините граѓани и целиот регион“.