Балкан

Лајчак: Интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ нема алтернатива

Лајчак рече дека во врска со Северна Македонија прашањето е „кога“, бидејќи, како што нагласи, земјата направила сè за да добие статус на кандидат за членство во ЕУ

AA  | 27.11.2021 - Обновена : 30.11.2021
Лајчак: Интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ нема алтернатива Фото: Rusmin Radič/AA

Montenegro

ПОДГОРИЦА (АА) - Сакам да бидам целосно јасен - интеграцијата и полноправното членство на државите од Западен Балкан во Европската Унија немаат алтернатива, порача денес во Подгорица специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград - Приштина и други прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак, јавува Агенција Анадолија (АА).

Тој учествуваше на Балканскиот интегративен форум „Проширување на Европската Унија кон Западен Балкан – како да се најде излез од застојот“.

Лајчак истакна дека земјите од Западен Балкан не треба да бараат алтернатива, но и призна дека процесот на проширување објективно е побавен од посакуваното.

„Има само една алтернатива - полноправно членство. Процесот е многу побавен отколку што се надевавме, но ЕУ се соочува со многу предизвици“, рече Лајчак.

Тој најави дека Унијата мора да биде сигурна дека новите членки нема да донесат дополнителни проблеми.

„Убеден сум дека го немаме луксузот да чекаме државите да ги решат своите проблеми, па потоа да се свртиме кон Западен Балкан. Процесот треба да се забрза, но би било погрешно да се критикува само ЕУ. Унијата треба да го врати кредибилитетот на процесот на проширување, а земјите од Западен Балкан на процесот на европските реформи. Не сме задоволни од тоа што се случува, дијагнозата е тука, и сега треба едни на други да си помогнеме“, наведе Лајчак.

Рече дека во врска со Северна Македонија прашањето е „кога“, бидејќи, како што рече, земјата направила сè за да добие статус на кандидат за членство во ЕУ.

Истакна дека сите земји од регионот имаат доволно работа во процесот на интеграција, а ЕУ тоа време ќе го искористи да ги реши своите проблеми и ЕУ има доволно капацитет да ги води тие два процеса истовремено.

Рече дека ЕУ е убедливо најсилниот инвеститор во регионот, трговски партнер и дека дава голема помош.

„Тоа се пари на граѓаните на ЕУ, кои се свесни дека парите одат тука“, рече Лајчак.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.