Балкан

Лавров: Русија не се меша во внатрешните работи на Македонија

„Апсолутно се неприфатливи акциите на надворешни играчи кои се обидуваат да им наметнат на народите на Балканот вештачки избор 'или сте со нас или со Руска Федерација' ”, рече Лавров.

Gorana Jakovljevic  | 21.09.2018 - Обновена : 23.09.2018
Лавров: Русија не се меша во внатрешните работи на Македонија (Foto: Denis Zuberi/ AA)

Banja Luka

БАЊА ЛУКА (АА) – Сергеј Лавров, министерот за надворешни работи на Руската Федерација, кој денеска престојува во официјална посета на Босна и Херцеговина, коментирајќи го прашањето во врска со Македонија, истакна дека „Русија не говори ништо што би можело да се протолкува како мешање во внатрешните работи, додека западните лидери тоа го прават директно, се залагаат за едно решение на претстојниот референдум", јавува Anadolu Agency (AA).

Лавров во Бања Лука се состана со претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

Лавров изјави дека Руската Федерација цврсто се залага за почитување на Дејтонскиот договор и се противи на обидите тој да се ревизира. Било кои реформи можни се само врз основа на договор на двата рамноправни ентитети и трите народи.

„Прашање кое веќе одамна презреа е ослободувањет на БиХ од надворешна управа и дека БиХ би можела да биде нормална независна суверена држава која самата го решава своето прашање за иднината и самата донесува одлуки. Апсолутно се совпаѓаат нашите ставови кои се однесуваат на Балканот. Мислам на Косово, Македонија, Црна Гора. Ние сме убедени дека сите тие прашања треба да се решаваат во заемна корист и согласност на сите учесници со согласност на заинтересираните народи. Апсолутно се неприфатливи акциите на надворешни играчи кои се обидуваат да им наметнат на народите на Балканот вештачки избор 'или сте со нас или со Руска Федерација'. Русија и со Европа и со САД беше еден од коавторите на Дејтон 1244 резолуцијата и не гледаме зошто Русија би требала да се тргне од тие работи и Балканот повторно да се претвори во арена за судири и конфликти”, рече Лавров.

Изјавата на Федерика Могерини дека Балканот е територија на Европската унија, Лавров ја нарече „арогантна и спротивна со правото на балканските држави."

Одговарајќи на прашањата на новинарите за руско влијание на Балканот, Милорад Додик, претседателот на Република Српска, рече дека пред се е човек кој му припаѓа на српскиот народ, а ја почитува и ја сака Русија, но сака соработка со сите други вери и нации во регионот. 

„Имаме заеднички став: високиот претставник треба да замине, судиите странци од Уставниот суд во БиХ кои ги бира и поставува Западот и да престане мешањето во внатрешните работи во БиХ ако сака во иднина на функционира како суверена земја”, рече Додик. 

Лавров изјави дека е согласен со она што го рече Додик. 

„Ние секогаш работиме отворено и во надворешната политика ако за нешто се договараме секогаш ги почитуваме своите обврски и така е и со нашите ставови во врска со Дејтон. Не сме ние тие кои се обидуваат да ги променат и не сме ние тие кои се обидуваат да сочуваат елементи на протекторат над БиХ. Ние на сите нивоа во сите формати се бориме за зачувување на основите принципи на Дејтон. БиХ е признаена како независна, суверена и самостојна држава, а БиХ пред 15 години беше членка на Советот за безбедност, она што до сега Западот именува тука висок претставник кој смее да укинува било какви одлуки постигнати во договор помеѓу трите народи, јас сметам дека е недозволиво”, рече Лавров. 

По состанокот кој го имаше во Бања Лука, рече дека се залагаат за развивање на односите во сите области. На прашањето дали Русија би можела да излезе од Советот на Европа Лавров рече дека Русија сака да остане во овој Совет во каков некогаш се зачлениле. „Мислам на Советот на Европа во чиј устав јасно е запишано дека секоја земја членка има право и никој не може да биде дискриминиран. Во таков Совет сме спремни да работиме и понатаму, се останато зависи од членовите на Советот на Европа”, рече Лавров.

По состанокот со Додик во Административниот центар на Владата на Република Српска (РС), Милорад Додик го одликуваше Лавров со Орден на Република Српска за работа и извонредни заслуги во развивање и јакнење на свеста на српскиот народ во борба за слобода и независност, како и за придонес во зацврстување на политичките и пријателските односи помеѓу РС и Руската Федерација.

Додик рече дека му претставува голема чест што Лавров дошол во посета на РС, што е резултат на добрата соработка. Се заблагодари на принципиелниот став на Руската Федерација на афирмација и почитување на Дејтонскиот мировен договор. 

Тој ги отфрли тврдењата и шпекулациите за лошо влијание на Руската Федерација на овие простори и повтори дека Руската Федерација е приајтел со кој РС сака да ги развива сите видови односи, од економски до политички. 

„Разговаравме за достигнувањата и плановите. РС во минатото не дозволи БиХ да воведе санкции на Руската Федерација бидејќи сметаме дека тоа е неправедно и дека ги навредува нашите базични интереси”, рече Додик и додаде дека разговарале на кој начин да соработуваат понатаму за прашањето околу истражување на сирова нафта во РС и изградба на фабрика за гас во Зворник.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.