Zülfiya Yakup
20 Октомври 2018•Ажурирај: 20 Октомври 2018
ПРИШТИНА (AA) – Претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весели, го прими денеска министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, јавува Anadolu Agency (AA).
Весели и Чавушоглу разговараа за билатералните односи на двете земји и процесите низ кои минува Косово.
Претходно утрово Чавушоглу го прими и премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, додека вчера попладне се состана и со претседателот на Косово, Хашим Тачи и со министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли.
Турскиот министер на косовските функционери им ја пренесе поддршката на Турција во процесите и предизвиците низ кои поминува Косово, со акцент на поддршката на дијалогот Косово - Србија и на гласањето за зачленување на Косово во ИНТЕРПОЛ наредниот месец.
Чавушоглу во текот на денот ќе го посети и Призрен.