Agim Sulaj
09 Декември 2020•Ажурирај: 10 Декември 2020
ПРИШТИНА
Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 11 пациенти, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 1.148, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 561 нов случај на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 44.442.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 1.357 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 156.982 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 31.041 лице. Моментално има 12.253 активни случаи.