Admir Fazlagic
09 Декември 2020•Ажурирај: 10 Декември 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа регистрирани се 46 рекордни смртни случаи предизвикани од последиците на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на смртните случаи предизвикани од заразувањето со овој вирус во земјата се искачи на 2.023, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последното деноноќие регистрирани се 504 нови случаи на Ковид-19 со што вкупната бројка на регистрирани случаи на овој вирус во земјата се искачи на 69.954.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 731 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени пациенти изнесува 46.352.
Бројката на активни случаи на Ковид-19 изнесува 21.579.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1,470 тестирања, а досега во земјата се направени вкупно 354.205 тестирања.