Балкан, Коронавирус

Косово: Ковид-19 причина за смртта на 4 лица, детектирани 170 новозаразени

- Во текот на последните 24 часа од Ковид-19 оздравеа 389 лица, зголемувајќи го вкупниот број на оздравени на 97.057

Zylfije Adem Jakupi  | 07.05.2021 - Обновена : 07.05.2021
Косово: Ковид-19 причина за смртта на 4 лица, детектирани 170 новозаразени

ПРИШТИНА 

На Косово во последното деноноќие се детектирани 170 новозаразени со коронавирус, а животот го загубија 4 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Националниот институт за јавно здравје на Косово информираше дека во текот на последните 24 часа извршено е тестирање на 2.545 примероци сомнителни на новиот тип на коронавирус (Ковид-19), од кои 170 биле позитивни.

Во истиот период животот го загубија четири лица од последици предизвикани од Ковид-19. Вкупната бројка на починати се зголеми на 2.202.

Вкупниот број на лица позитивни на коронавирус изнесува 106.192, а досега се тестирани 549.286 примероци сомнителни на коронавирус.

Во текот на последните 24 часа од Ковид-19 оздравеа 389 лица, зголемувајќи го вкупниот број на оздравени на 97.057. Во моментов во Косово се активни 6.933 случаи на зараза со Ковид-19.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın