Agim Sulaj
27 Март 2020•Ажурирај: 28 Март 2020
ПРИШТИНА (АА) - Во Косово уште две лица се заразени со коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со коронавирусот во земјата се искачи на 88 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Според соопштението, во Лаборатотијата за молекуларна микробиологија при Националниот институт за јавно здравје на Косово денес биле тестирани 108 случаи, од кои 2 биле позитивни на Ковид-19.
Во оваа лабораторија од 8 март досега тестирани се над 991 сомнителни случаи, од кои вкупно 88 резултирале позитивни, меѓу кои еден починат, и едно излекувано лице.