Балкан, Коронавирус

Косово: Бројот на откриени случаи со Ковид-19 се искачи на 126 лица

Тестирани се 58 сомнителни лица, од кои едно е позитивно на вирусот Ковид-19

Agim Sulaj  | 02.04.2020 - Обновена : 03.04.2020
Косово: Бројот на откриени случаи со Ковид-19 се искачи на 126 лица

ПРИШТИНА (АА) - Во Косово уште едно лице е заразено со новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со коронавирусот во земјата се искачи на 126 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Оваа информација преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.

Се вели дека тестирани се 58 сомнителни лица, од кои едно е позитивно на вирусот Ковид-19.

„Пациентката е од Кориша во Призрен. Ќе бида истражувани и тестирани сите контакти“, се наведува во ова соопштение.

Националниот институт за јавно здравје на Косово повторно упати апел да се следат препораките на Министерството за здравство.

Со ова, бројката на откриени случаи со Ковид-19 во Косово се искачи на 126 лица, од кои еден починат и 10 излекувани лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.