Турција, Коронавирус

Турција: Вупната бројка на починати лица од Ковид-19 се искачи на 356 лица

„Имаме нови 82 излекувани пациенти“, напиша Коџа во својата објава, истакнувајќи дека 82 отсто од починатите во последните 24 часа се лица постари од 60 години

Serdar Açıl  | 02.04.2020 - Обновена : 03.04.2020
Турција: Вупната бројка на починати лица од Ковид-19 се искачи на 356 лица

АНКАРА (АА) - Министерството за здравство на Турција соопшти дека во последните 24 часа биле откриени 2.456 нови случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во земјата, а починаа уште 79 лица, со што вкупната бројка на заразени изнесува 18.135, а на починати 356, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерот за здравство на оваа земја, Фахретин Коџа на својот официјален Твитер-профил ги објави ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на ова министерство.

„Имаме нови 82 излекувани пациенти“, напиша Коџа во својата објава на Твитер, истакнувајќи дека 82 отсто од починатите во последните 24 часа се лица постари од 60 години.

Според табелата, вкупниот број на тестирања изнесува 12.556; вкупниот број на случаи изнесува 18.135; вкупниот број на починати изнесува 356; вкупниот број на пациенти кои се наоѓаат во интензивна нега изнесува 1.101; вкупната бројка на интубирани пациенти изнесува 783; додека вкупната бројка на излекувани лица изнесува 415.

Денес се извршени 18.757 тестирања, откриени се 2.456 нови случаи, а починале уште 79 лица.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın