Балкан

Изедначена трка меѓу претседателските кандидати Пендаровски и Силјановска-Давкова

Во моментов кандидатот владеачката коалиција е во предност со освоени 42,67% од гласовите, додека кандидатката на македонската опозициска коалиција заостанува 0,1%, освојувајќи 42,57%.

Besar Ademi  | 22.04.2019 - Обновена : 22.04.2019
Изедначена трка меѓу претседателските кандидати Пендаровски и Силјановска-Давкова

СКОПЈЕ

Според прелиминарните резултати од првиот круг на претседателските избори во Северна Македонија, постои изедначена трка меѓу кандидатот на владејачката коалиција на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Стево Пендаровски и кандидатката на македонската опозиција ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во моментов кандидатот владеачката коалиција е во предност со освоени 42,67% од гласовите, додека кандидатката на македонската опозициска коалиција заостанува 0,1%, освојувајќи 42,57%. Станува збор за ситуација при обработени 96,81% од избирачките места (без ЗРД – избирачи кои се на издржување казна затвор или се во притвор, избирачи кои гласаат на избирачко место бр. 5050-ДИК и се избрани за членови на избирачките одбори надлежни за спроведување на гласањето во ДКП на РСМ во странство, избирачи кои се со статус внатрешно раселени лица, и избирачи кои се сместени во Дом за стари лица)

Прелиминарните резултати објавени од страна на Државната изборна комисија (ДИК) покажуваат дека кандидатот на албанските опозициски партии, Алијанса за Албанците и Движењето БЕСА, Блерим Река, успеа да собере 10,42% отсто од гласовите.

Излезноста на гласачите, според ДИК, е 41,93%, или 721.595 гласачи го искористиле своето право на глас, од вкупно 1.808.131 гласач.

Меѓу другото, покрај на првиот круг од претседателските избори, граѓаните на Охрид, Дебар и Ново Село имаа можност да го искористат своето право на глас за избирање градоначалници на овие општини.

Вториот круг од изборите ќе се одржи за две недели, на 5 мај.

Ова се шести претседателски избори, по осамостојување на земјата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.