Almir Terzic
14 Ноември 2020•Ажурирај: 15 Ноември 2020
САРАЕВО
Во Босна и Херцеговина денес во сила стапи изборен молк кој ќе трае до затворањето на гласачките места во недела, во 19 часот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во согласност со одредбите на Изборниот законик на Босна и Херцеговина, 24 часа пред отворањето на гласчките места на сила стапува изборен молк.
Во согласност со тоа, во период кој почнува 24 часа пред отворањето на гласачките места и трае до нивното затворање, политичките партии, коалиции, листите на независни кандидати и независните кандидати и кандидати на листите на припадниците на националните малцинства забрането е учество во јавните политички активности.
- Седми повоени локални избори и епидемја на Ковид-19
Во Босна и Херцеговина во недела, на 15 ноември, се одржуваат седмите локални избори по Дејтонскиот мировен договор.
На листите за изборите на локалните органи на власта, се пријавија 129 политички партии, 72 коалиции и девет независни листи.
Прв пат изборите се одржуваат во услови на епидемијата од Ковид-19. Почитувњето на пропишаните епидемиолошки мерки, како што е наведено од Централната изборна комисија (ЦИК) на БиХ не смее да биде пречка за законско одвивање на изборниот процес.
Гласачките места ќе бидат отворени од 7 до 19 часот.
Со покажување на еден од важечките босанско-херцеговски документи (лична карта,возачка дозвола, пасош), на гласчкото место гласачот добива комбинација од гласачки ливчиња кои му припаѓаат и го остварува правото на гласање.