Dejan Maksimovic
14 Ноември 2020•Ажурирај: 15 Ноември 2020
САРАЕВО
Според податоците на ентитетскиот Завод за јавно здравство, во Босна и Херцеговина во изминатите 24 часа потврдени се 1.223 нови случаи на зараза со коронавирусот, додека во истиот период животот го загубија 48 лица, известува Агенција Анадолија (АА).
Во изминатите 24 часа во Заводот за јавно здравство на Федерацијата БиХ пријавени се 2.536 примероци, од кои 836 биле позитивни на Ковид-19.
Досега во БиХ се спроведени 243.909 тестирања, а позитивни на коронавирусот биле 44.798 лица. Заклучно со денешниот ден, во Федерацијата БиХ оздравеле 24.817 пациенти, од кои 591 во последното деноноќие. Во моментов активни се 1.863 случаи на заразеност со Ковид-19.
Во Заводот за јавно здравство на Федерацијата БиХ во изминатите 24 часа пријавени се 22 смртни случаи, зголемувајќи го вкупниот број на починати на 1.118, од кои 745 се мажи и 373 жени.
Од последниот извештај за епидемиолошката ситуација во Република Српска, во последните 24 часа спроведени се 1.177 тестирања, а Ковид-19 е потврден кај 387 лица.
Во последното деноноќие, во Институтот за јавно здравство на РС пријавени се 26 смртни случаи како последица на заразеност со коронавирусот. Меѓу починатите 22 се мажи, а 4 жени.
Досега во РС потврдени се 24.969 случаи на заразеност со Ковид-19, а од последиците предизвикани од коронавирусот починаа 691 лице. Оздравеа 10.083 заразени, а спроведени се вкупно 119.258 тестирања.
Нема податоци за дистриктот Брчко.