Mücahit Türetken
06 Мај 2017•Ажурирај: 07 Мај 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, престојуваше во Истанбул, каде се обрати на Форумот за глобално лидерство 2017, во организација на Универзитетот Бахчешехир, при што истакна дека досега осум пати стасувала препорака на Европската комисија за почнување на преговорите со Македонија, но датум сеуште не е одреден. „ЕУ паѓа на испитот за прашањето на Македонија. Додека ЕУ, од една страна промовира човекови права, заштита на личен идентитет и други права, тие за Македонија не важат", јавува Anadolu Agency (AA).
- „Со Османлискиот период започна и Османлискиот мир"
Македонскиот претседател, Ѓеорѓе Иванов, на гала програмата на Глобалниот лидерски форум 2017 организиран од страна на Универзитетот Бахчешехир, нагласи дека „во текот на Османлискиот период различни вери, различни јазици и раси со векови живееле заедно, но дека тоа Европјаните сеуште не го сфатиле".
Во своето излагање, претседателот Иванов нагласи дека денеска постои пишана трага за последните три илјади години од историјата на човештвото и дека 2.700 години од тоа поминале во војни.
„Светот во глобална смисла во мир живеел 300 години. Тука сме соочени со еден парадокс. Можеме да видиме дека најдолгите години на мирот се забележани на Балканот, Кафказот и на Блискиот Исток. Денес ако на некој претставник на ЕУ му спомнете за Балканот, Кафказот или пак Блискиот Исток, тие ќе се наежат. Особено не разбираат дека мирот постоел долги годни во тие региони. Кога Кафказот, Блискиот Исток и Балканот поседуваа отворен простор, кога не беа разделени со граници, тука се едуцираа лица со отворен ум, без пресуди. Во ваква средина луѓето треба да веруваат во една независна и праведна моќ. Во историјата може да се забележи 'Pax Romana', значи Римски мир. Потоа заедно со Османлискиот период започна и Османлискиот мир“ истакна претседателот Иванов.
- „Меѓусебната почит е многу повисоко разбирање од толеранцијата“
Иванов истакна дека некои околности го гледаат светот низ призма од 19. и 20 век, и рече дека проблемите не можат да се решат на овој начин.
Претседателот на Македонија во својот говор наглси дека желбите и очекувањето на сите се во корист на европскиот мир, и рече:
„Протестантите и католиците во Западна Европа по долгогодишното војување склучија мир и преминаа на секуларизам, а верата ја затворија во една посебна рамка. Со тоа настана еден поглед наречен толеранција, кој претставува ставање на верата во посебна рамка. Толеранција во смисла: иако не ве сакам, јас ќе ве трпам. На Блискиот исток, Кафказ и на Балканот нема ваков обичај. Кај нас постои филозофијата на меѓусебно почитување. Поради тоа припадниците на различни вери и јазици со векови успеале да живеат заедно. Меѓусебното почитување е многу посвето и повозвишено од толеранцијата на Западот. Затоа со векови Христијаните, Муслиманите и Евреите живееле со меѓусебна почит. Во Османлискиот период тоа се нарекуваше народен систем (Милет систем) ", нагласи претседателот Иванов.
- „Заедничкиот проблем на Југославија и ЕУ е непостоењето на методот за управување со криза“
Иванов, истакна дека ЕУ е проект на мирот, но, како што рече тој, ЕУ не може да изнајде решение во кризни периоди.
„Се е перфектно додека трае мирот. Заедничкиот проблем на Југославија и ЕУ е непостоењето на методот за управување со криза. Сите европски институции се мобилизираа да ја спасат Грција кога се случи криза. Кога се случи криза во Украина, речиси секој ја заборави Грција, и се фокусира кон Украина. Кога се случи бегалската криза, никој не зборуваше за Украина. А со појавата на тероризмот, секој ги заборави бегалците. Исто и по Брегзит процесот на референдумот ги заборавија сите други нешта“, рече Иванов, истакнувајќи дека Југославија е проект на мирот како што е ЕУ.
- „ЕУ паѓа на испитот за прашањето на Македонија“
Претседателот Иванов вели дека Македонија донесе одлука за пристапување во ЕУ, но поради ставовите на ЕУ сеуште не успеа да биде прифатена во унијата. Тој исто така нагласи дека Македонија прави се да стане земја членка на НАТО.
„Направивме се што бараа од нас. Во Ирак 12 пати праќавме свои војници во мисиите на НАТО, во Авганистан дури 24 пати. Сепак не сме прифатени во членството, бидејќи името ни е Македонија. Ни викаат: сменете го името и дојдете“, рече Иванов и истакна:
„Досега осум пати стаса препорака на Европската комисија за почнување на преговорите, но датум сеуште нема. Бидејќи, името на вашата земја е Македонија, вие сте Македонци и јазикот со кој зборувате е македонски. ЕУ паѓа на испитот за прашањето на Македонија. Додека ЕУ, од една страна промовира човекови права, заштита на личен идентитет и други права, тие за Македонија не важат."