Ivana Ramadanova
01 Август 2017•Ажурирај: 01 Август 2017
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, по повод 2. август, Националниот празник на Република Македонија, помилува 58 осудени лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според листата објавена во Службениот весник, дваесет осуденици добиле помилување од по 3 месеци, девет од по четири месеци и шест осуденици се ослободуваат од издржување на затворска казна од по половина година.
На листата на претседателот Иванов се најдоа тројца осуденици од Идризово кои издржуваат затворска казна за убиство.
Останатите затвореници кои се помилуваат, се осудени за кражби, разбојништва и измама.