Elvır Hodzıc
16 Февруари 2023•Ажурирај: 17 Февруари 2023
ЗАГРЕБ (АА) - Земјотрес со интензитет од 5,2 степени по Рихтер го потресе хрватскиот остров Крк, а потресот се почувствувал и пошироко, јавува Анадолу.
Веста за земјотресот ја објави и Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Според првичните информации, земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, 4 километри источно од островот Крт, а 37 километри југоисточно од Риека.
Земјотресот се почувствувал низ регионот на Кварнер и низ други делови на Хрватска, како и во некои подрачја на Босна и Херцеговина, Словенија и Италија.