Балкан

Заев: „Интензивно се гради Коридорот 8, тоа ни носи поврзување и економски развој"

„Патните правци се обновуваат и за година-две граѓаните ќе добијат целосно обновена модерна патна мрежа којашто ја поврзува нашата земја со соседна Бугарија и со Албанија“, истакна премиерот Заев

Admir Fazlagic  | 26.11.2020 - Обновена : 27.11.2020
Заев: „Интензивно се гради Коридорот 8, тоа ни носи поврзување и економски развој" ( Фото: Прес-служба на Влада на РСМ )

СКОПЈЕ

Премиерот на Република Северна Македонија изврши увид на работните активности на патот Крива Паланка - Девер Баир во близина на границата со Република Бугарија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Премиерот Зоран Заев за време на посетата на работните активности на патот Крива Паланка - Деве Баир беше придружува од вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николоски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми и градоначалникот на Општина Крива Паланка Борјанчо Мицевски.

„Модернизацијата на Коридорот 8, комплетната реконструкција и проширување со трета лента на патот Крива Паланка – Деве Баир, во должина од околу 13 километри е значајна заради регионалното поврзување и соработка, како еден од најважните аспекти на интеграцијата во Европската Унија и од огромна економска важност за нашата земја“, истакна премиерот Заев.

Меѓу другото, тој рече дека „патниот правец Крива Паланка – Деве Баир е најзначаен дел од Коридорот 8, бидејќи претставува најфреквентна линија во товарниот сообраќај, кон и од соседна Бугарија."

„Целиот Коридор 8 се реконструира. Патните правци се обновуваат и за година-две граѓаните ќе добијат целосно обновена модерна патна мрежа којашто ја поврзува нашата земја со соседна Бугарија и со Албанија и обезбедуваме излез на две пристаништа: Бургас на Црното Море и Драч на Јадранското. Тоа ќе има позитивен ефект врз поврзувањето на граѓаните од трите земји и врз унапредување на трговските и економски релации помеѓу компаниите“, рече Заев.

Министерот Бочварски истакна дека покрај сите предизвици со ковид кризата продолжува вложувањето на квалитетно подобрување на патната мрежа и подигнување на безбедноста на патиштата на рамниште на Европската Унија.

„Во реализација на историски најголемите инвестиции досега во патната инфраструктура, само во овој дел од државата инвестираме околу 90 милиони евра за изгрaдба и модернизација на Коридор 8. Очекуваме до 2022 година да имаме комплетно нова патна врска кон Република Бугарија, а истовремено се работи на патната врска на запад кон соседна Албанија. Вкупниот влог во модернизација на Коридор 8 достигнува една милијарда евра“, истакна министерот Бочварски.

Директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми рече дека станува збор за реконструкција со рехабилитација и доизградба на трета лента на 13,2 километри со предвидена ширина од 10,5 метри, за што се издвоени се 10,16 милиони евра, обезбедени преку Европска банка за обнова и развој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın