Балкан, Коронавирус

Во Хрватска од последици на Ковид-19 починаа 51 лице, 4.009 новозаразени

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на вирусот во Хрватска, досега се детектирани 115.626 лица позитивни на коронавирусот, од кои 1.552 починаа

Stipe Majic  | 26.11.2020 - Обновена : 27.11.2020
Во Хрватска од последици на Ковид-19 починаа 51 лице, 4.009 новозаразени

ЗАГРЕБ - Во последните 24 часа регистрирани се 4.009 нови случаи на Ковид-19 и 51 смртен случај како последица на вирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Бројката на активни случаи во Хрватска денеска изнесува 21.725“, соопшти Штабот за цивилна заштита на оваа земја.

Меѓу нив, 2.171 пациент се под лекарски третман, од кои 252 се врзани на респиратор.

„Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на вирусот во Хрватска, досега се детектирани 115.626 лица позитивни на коронавирусот, од кои 1.552 починаа. Вкупниот број на оздравени пациенти изнесува 92.349, од кои 2.924 во последните 24 часа“, соопшти Штабот за цивилна заштита на Хрватска.

Во самоизолација во моментов се наоѓаат 50.165 лица.

Досега во Хрватска се тестирани 713.729 лица, од кои 11.487 во последните 24 часа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın