Dzihat Aliju
17 Април 2017•Ажурирај: 18 Април 2017
ГОСТИВАР (АА) - Во Македонија продолжуваат прославите по повод резултатите од вчерашниот референдум за уставните промени во Турција, на кои победи опцијата „да“, јавува Anadolu Agency (AA).
По вчерашните прослави во Скопје и во другите градови, денес во градот Гостивар беше доделена алва за граѓаните.

Голем број граѓани учествуваа во ова активност на доделување алва организиран од страна на жителите и еснафот на Гостивар.
Жителите на Гостивар истакнаа дека внимателно го следеле референдумот во Турција и дека се многу среќни поради резултатите.
Поранешниот министер во македонската влада со турско потекло, Хади Незир, во неговата изјава за АА истакна дека внимателно го следеле референдумот во Турција.
Незир нагласи дека иако живеат во Македонија нивното внимание целосно било насочено кон Турција. Опишувајќи ја Турција како негова татковина, Незир рече: „Една голема и моќна Турција, значи моќен Балкан.“
Менсур Јакуп, еснаф од Гостивар, вели дека многу се среќни поради резултатот на референдумот во Турција.
„Моќна Турција, значи дека и ние сме моќни. Ние како жители на Гостивар, на Македонија, ги праќаме нашите поздрави до Турција“ вели Јакуп, истакнувајќи дека победата на Турција значи победа на сите угнетени народи од Балканот па се до Арапскиот полуостров.