Fatjon Cuka
17 Април 2017•Ажурирај: 18 Април 2017
ТИРАНА (AA) - Министерот за надворешни работи на Германија Зигмар Габриел во текот на посетата на Тирана ја потврди поддршката на Германија за европската перспектива на Албанија и целиот Западен Балкан, јавува nadolu Agency (AA).
Габриел по состанокот со албанскиот колега Дитмир Бушати изјави дека Албанија е многу важна за регионот и ја повтори поддршката на неговата земја за Западен Балкан на патот кон ЕУ.
Германскиот шеф на дипломатијата изрази загриженост поради кризата во парламентот во Албанија, кој пратениците на албанската опозиција го бојкотираат веќе два месеци со барање да се формира техничка влада.
„Бојкот на парламентот не е прифатлив начин за изразување на волјата. Треба да се пронајде начин и да се напушти патот на бојкотот. Саботирањето на владеењето на правото не е во интерес на Германија и на Европската унија", порача Габриел и предупреди дека, доколку се продолжи со бојкотирањето на парламентот, европскиот пат на Албанија ќе биде подолг.
Освен германскиот министер, во Тирана денеска со Бушати разговараше и шефот на холандската дипломатија Берт Кундерс кој исто така изрази поддршка на Албанија кон патот на членството во ЕУ.
Албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати, во текот на заедничката конференција со холандскиот колега изрази решителност на албанската влада за понатамошен напредок на реформите во правосудството, кои се клучен услов за префоворите за влез во Европската унија.