Ata Ufuk Şeker
07 Декември 2018•Ажурирај: 08 Декември 2018
БРИСЕЛ (АА) - Потпретседателот на Европската комисија задолжен за внатрешен дигитален пазар, Андрус Ансип, истакна дека треба да бидат загрижени поради „Хуавеј“ и другите кинески фирми, јавува Anadolu Agency (AA).
Ансип на една прес-конференција во Брисел зборуваше за приведувањето на ќерката на сопственикот на кинеската технолошка компанија „Хуавеј“ (Huawei), Менг Ванџоу, која во исто време е и финансова директорка на компанијата, која беше приведена по барање на САД.
Ансип нагласи дека кинеските фирми и производители во областа на информатички технологии соработуваат со разузнавачките служби.
„Треба да се загрижиме поради Хуавеј и другите кинески компании“, додаде тој.
Истакнувајќи дека сè уште немаат конкретни информации за судскиот случај за „Хуавеј“, Ансип рече дека нормалните луѓе треба да бидат загрижени поради тоа што компаниите ги отвораат своите системи за разузнавачките служби.