Fuat Kabakcı
07 Декември 2018•Ажурирај: 09 Декември 2018
ПЕКИНГ (АА) - Во рудник во кинеската покраина Сичуан откриени се стапалки на диносаурус, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на весникот „Глобал тајмс“ („Global Times“) кој е официјален медиум на Комунистичката партија на Кина, откриени се различни стапалки на диносаурус на површина од 10.000 метри квадратни по една експлозија во рудникот што се наоѓа во местото Санбилуога, кое се наоѓа во подрачјето на Џаоџјуе во Сичуан.
Се вели дека некои стапалки му припаѓале на нов тип диносаурус, а бројот на копитата на овие нови видови се движи од 2 до 5 копита.
Не се дадени информации околу големината на стапалките и карактеристиките на новиот вид диносаурус.
Властите побараа да се затвори рудникот и палеонтолозите да вршат пошироки работи.
Од 1990-те години досега во подрачјето на Џаоџјуе се откриени бројни стапалки на диносауруси.