СКОПЈЕ/ТИРАНА/ПРИШТИНА (АА) - Западен Балкан од географски аспкет е дел од Европа и споделува заедничка историја, културно наследство и исти предизвици, поради што е многу јасно дека ќе ја споделуваме и заедничката иднина во рамките на Европската унија (ЕУ), истакна високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини за време на презентацијата на Стратегијата на Европската комисија за Западен Балкан, која во живо беше емитувана во канцеларијата на ЕУ во Западен Балкан, јавува Anadolu Agency (AA).
Могерини нагласи дека за време на поселдните три години се постигнати видливи резултати во регионот кои биле незамисливи кога го започнале партнерството со шестте земји од регионот, што покажува дека, како што рече таа, балканските народи направиле јасен избор за нивното пристапување кон ЕУ.
Могерини рече дека наредните месеци ќе бидат интензивни кон правење на вистинските чекори за промена одбележувајќи нова историја што ќе се памти во ЕУ. Според неа, првите месеци од 2018 година можат да бидат месеци на големи промени, но 2025 година не е фиксен временски рок кога земјите ќе станат членки, бидејќи претставува перспектива и стратегија на членство.
Од друга страна, Еврокомесарот Јоханес Хан, истакна дека Стратегијата не е покана за земјите, туку само начин за канализирање на активностите кои се претходно започнати.
Хан посочи дека се јасни условите кои треба да бидат исполнети од страна на земјите аспиранти, и додаде дека ЕУ не е подготвена да ги прифати во во нејзините редови земјите кои имаат билатерални спорови и конфликти.
За да земјите да постигнат напредок потребно е функционирање на владеењето на правото, безбедноста, муграцијата, социо-економското прашање, поврзаноста, дигитализацијата и меѓусоседските односи.
- „2018 година е ветувачка година дека Македонија ќе ги затвори отворените прашања со соседите“
Запрашан да ги коментира изјавите на политичарите на регионот дека 2025 година е година на членство на Западен Балкан во ЕУ, амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар, на прес-конференцијата во Скопје, истакна дека оваа перцепција е погрешна, бидејќи членството ќе се реализира по исполнување на реформите на земјите аспиранти, чија динамика беше изразена со песимистички тонови.

Тој рече дека стратегијата 20-25 е реалистичка анализа на ЕУ, но дека тоа зависи од земјите, доколку ги исполнуваат потребните критериуми.
„Со динамиката на реформите и преговорите кои сега се спроведуваат, ова нема да се случи во 2025 година. Треба нешто да се промени во начинот на динамиката за да се постигне оваа цел, забрзувајќи ги реформите кои ќе го докажат нивото со тие на ЕУ“, нагласи Жбогар, според кој, ЕУ не е само европски пазар, туку и унија на заеднички вредности.
Од аспект на Македонија, рече Жбогар, ЕУ е јасна во изјавите дека не е подготвена да увезува отворени прашања кои ги имаат земјите меѓу себе, за што го пофали Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, а ги пофали и започнатите преговори со Грција и средбата на двајцата премиери во Давос. Жбогар истакна дека 2018 година е многу ветувачка година дека Македонија ќе ги затвори отворените прашања со соседите.
- „Албанија има можност да оди напред кон започнување на преговорите“
Амбасадорката на ЕУ во Албанија, Романа Влахутин, на прес-конференција по презентирање на Стратегијата на ЕУ за Западен Балкан нагласи дека ова е регионална стратегија и се работи за сите партнери во Западен Балкан, забележувајќи ги, како што рече таа, недостатоците, но и идентификувајќи ги и можностите.
Таа рече дека Албанија има една вистинска можност за да оди напред кон започнување на преговорите со ЕУ.

Амбасадорката на ЕУ во Албанија, говорејќи за Стратегијата за која станува збор, се осврна на патувањето на Албанија за членство во ЕУ, фокусирајќи се на клучните приоритети, реформските процеси преземени од страна на Владата на Албанија, и на новите можности за регионална соработка, но и пошироко.
„Стратегијата појаснува дека Албанија има вистинска и непосредна можност за да оди напред кон отварање на преговорите (со ЕУ). Процесот не става некое спцифично ограничување на брзина. Колку што повеќе спроведување реформи, толку побрзо ќе ја постигнете целта. Албанија направи доста работа, и доби време за иднината. Ова е една многу важна пролет за Албанија. Отварање на преговорите не е подарок, туку доаѓа како резултат на работата“, рече Влахутин.
Таа истакна дека граѓаните од регионот бараат стандарди какви што се стандардите на ЕУ за владеењето на правото, за доброто владеење, за борбата против корупцијата, и за организираниот криминал. Според неа, важни како приоритет се зајакнувањето на економијата, добрососедските односи како и регионалната соработка.
- „Косово треба да ги исполни потребните услови“
Шефицата на Канцеларијата на ЕУ во Косово, Наталија Апостолова, на прес-конференцијата по презентирање на новата Стратегија на ЕУ за Западен Балкан од страна на високата претставничка, Федерика Могерини, и еврокомесарот Јоханес Хан истакна дека оваа стратегија појаснува дека земјите од Западен Балкан ќе бидат дел од ЕУ.
Истакнувајќи дека најитното прашање за Косово е справување со реформите во областа на владеењето на правото, фундаменталните права и доброто владеење.

„Нема некоја разлка меѓу Косово и другите земји од регионот. Перспективата и условите кои треба да бидат исполнети се исти, посветеноста и поддршка на ЕУ за секоја земја е иста. Процесот на проширување останува еден процез врз основа на заслуги“, вели Апостолова.
Таа рече дека во стратегијата се наведува дека ЕУ нема да увезува билатерални недоразбирање или спорови, барајќи тие треба да бидат решени на итен начин внатре во рамките на добрососедските односи.
„Косово, исто така и Србија треба да ги интензивираат нивните напори за нормализирање на односите. За двете нема и нема да има алтернативен пат што се однесува до европската иднина“, додаде таа.
Апостолова истакна дека реформите што треба да се исполнуваат од страна на косовксата страна, немаат алтернатива, и Косово треба да ги почитува обврските што ги има преземено.
Шефицата на Мисијата на ЕУ во Косово, Апостолова, се оврна на изјавата на пртседателот Јункер кој истакна дека стратегијата ќе биде потврдена и дека нема да има приблуживање без решавање на проблемите со границите, што според неа, ова врска со надворешната политика на ЕУ, и дека треба да се разјаснат надворешните граници на Шенген зоната.
„Сите амбасадори тука присутни заедно со меѓународните партнери ја повторуваме изјавата за владата и парламентот околу тоа колку е е важно решавање на прашањето со демаркација на границата. Сите многу добро знаете дека ова не е политичко прашање. Црногорската страна сега веќе го ратификуваше тоа, просто е едно прашање на внатрешна политика што треба да се реши од страна на Косово“, додаде Апостолова.