СКОПЈЕ (АА) - Премиерот на Република Македонија Зоран Заев денеска изјави дека во објавената Стратегија за Западен Балкан и проширувањето на Европската унија (ЕУ) се истакнува дека Република Македонија направи значителен напредок на европскиот пат, како и дека од тие причини Европската Комисија изразува подготвеност да даде препорака за почеток на преговорите за членство врз основа на исполнети услови, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот Заев на заедничката прес-конференција со амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар по повод објавувањето на Стратегија за Западен Балкан и проширувањето на Европската унија (ЕУ) истакна дека денеска е важен ден за Република Македонија и нејзините граѓани, бидејќи согласно оваа стратегија Република Македонија се движи по вистинскиот пат.
Ова, како што рече тој е уште едно дополнително признание од особено значење за грѓаните на Македонија, како и ставот на ЕУ изразен во Стратегијта дека секоја држава може да напредува и да влезе во групата на предводнички на овој пат согласно нивниот реален напредок.
„Овој дополнителен поттик претставува голема надеж за Република Македонија ова е мотив повеќе да работиме и да ја стигнеме групата држави кои веќе преговараат, тоа се Србија и Црна Гора и за кои постои детален временски план. За нас, за граѓаните на Република Македонија, ова претставува потврда за успешноста на досегашните наши напори во сите реформски области кои ги започнавме", изјави Заев.
Тој нагласи дека ова претставува заеднички успех, на целата држава, на сите институции, на сите политички партии, на сите заедници и на сите граѓани на Република Македонија.
Премиерот Заев ги повика сите политички чинители во Република Македонија, политичките партии, претседателот на државата, опозицијата и останатите, активно да учествуваат во напорите државата да стане дел од европското семејство.
Меѓу другото, потсети дека текстот на Стратегијата утврдува дека дефинитивни и обвзрзувачки решенија на сите билатерални спорови мора да бидат изнајдени и имплементирани пред државата да пристапи кон ЕУ.
„Владата на Република Македонија и досега, а и понатаму останува длабоко и искрено посветена да го даде својот придонес во мерките на градење доверба и за олеснување на процесот за решавање на проблемот што го има Република Грција со уставното име на нашата држава. Последните месеци се направени сериозни исчекори за достоинствено решение на ова прашање", рече Заев.
Истакна дека Стратегијата е одлична вест и вбризгува оптимизам кај сите држави од Западен Балкан а за Македонија несомнено го отвора патот за членство во Европската унија.
„Текстот на Стратегијата ја повторува јасно и недвосмислено иднината на сите држави од овој регион како држави членки на ЕУ. Државите од Западен Балкан ќе треба да дејствуваат одлучно, пристапувањето кон ЕУ беше и сеуште е процес заснован на покажани резултати, целосно зависен од објективниот напредок на секоја држава", рече Заев.
- Заев: Подготвени сме за географска одредница за името
На новинарско прашање во однос на процесот на решавање на спорот околу името помеѓу Македонија и Грција, премиерот Заев изјави: „Сакам нашите граѓани да знаат, сакам и граѓаните од соседна Грција да ги знаат деталите, но најповеќе сакам навистина да успееме во преговарачкиот процес, и затоа тука е секогаш дозата на внимателност. Да му дадеме шанса на успехот, но притоа ќе кажам: ние сме подготвени за географска одредница и до тука ќе застанам, затоа што прашањето е суштествено и треба да дадеме шанса низ преговорите во изнаоѓање на решение, рече Заев.
Исто така, премиерот Заев додаде и дека внимателно ги следи настаните во Грција и реакциите дома, но дека колку и да е тешко изнаоѓањето решение на спорот, тој е оптимист.
- Автопатот ќе се преминува во „Пријалетство, а скопскиот аердором во „Меѓународен аеродом Скопје“
Премиерот Заев информираше и дека автопатот што ја повзрзува Македонија со јужната граница ќе се преминува во „Пријалетство, а скопскиот аердором во „Меѓународен аеродом Скопје“.
„Денеска владата започнатата процедура од минатата седница ја заврши и ја донесе одлуката автопатот кој што нѐ поврзува од северната граница до јужната граница да го именува како автопат 'Пријателство' а донесовме и одлука за меѓународниот аеродром ќе биде 'Меѓународен аеродром Скопје'. Ова е исчекор кон градење пријателство", информираше премиерот Заев.
Евроамбасадорот Самуел Жбогар, кој во Владата ја презентираше Стратегијата за Западен Балкан, рече дека овој документ многу позитивно зборува за напредокот којшто Македонија го постигна во последните месеци, дека Комисијата е подготвена да изработи препорака за отпочнување пристапни преговори.
Исто така, Жбогар потенцираше дека за Европската унија, добрососедските односи се значајна вредност што е нагласено во Стратегијата за регионот во многу точки и дека секоја земја да може да стане членка на ЕУ треба да ги реши сите билатералните прашања и отворени гранични прашања.
„Охрабрени сме од чекорите што Владата ги прави, тоа е договорот со Бугарија и сега веќе напорите што се прават за решавање на отвореното прашање со Грција. Во последните месеци се градеше една попозитивна атмосфера, се одржаа и првите состаноци на претседателите на владите на двете земји", изјави Жбогар.