Fatjon Cuka
24 Февруари 2022•Ажурирај: 26 Февруари 2022
ТИРАНА
Премиерот на Албанија, Еди Рама, изреагира во врска со специјалната воена операција на Русија во регионот Донбас кој се наоѓа во источниот дел на Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Им се придружуваме на НАТО и сојузниците на ЕУ во острата осуда на агресијата на Русија“, напиша Рама на социјалните мрежи.
„Нашите мисли се со украинскиот народ“, нагласи премиерот на Албанија.