Furkan Abdula
22 Февруари 2022•Ажурирај: 23 Февруари 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 848 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 294.407, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пријавени се 22 починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата достигна 8.937.
Институтот за јавно здравје регистрира 1.369 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 279.695.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 5.775.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 3.506 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.874.917 тестирања.