Seyyid Emin
26 Мај 2020•Ажурирај: 27 Мај 2020
СКОПЈЕ
Салих Мурат, претседателот на уставниот суд на Република Северна Македонија беше гостин во емисијата во живо „Заедничко наследство на Балканот“ организирана од страна на Центарот за стратешко истражување од Црно Море (КАСАМ), јавува Агенција Анадолија (АА).
Програмата беше пренесувана во живо на „Youtube“ а проф. д-р Зекерија Куршун, декан на Факултетот за книжевност при Универзитетот Фатих Султан Мехмет, беше модератот на емисијата.
Претседателот на Уставниот суд Мурат во својот говор во емисијата истакна дека 7 века овие територии не биле одвоени од Турскиот јазик.
Истакнувајќи дека на Балканот јазикот и вероисповеста се две многу важни нешта, Мурат продолжи со зборовите „Доколку ги нема овие две неша, асимилацијата на Балканот би била неизбежна и денес не би ја имале постоечката ситуација.“
Зборувајќи дека по повлекувањето на османлиите бил спроведуван незаслужен третман, Мурат продолжи со зборовите „Нема позитивни написи во печатот или текстовите за Османлиите. Секој си ја пишувал својата историја. Се сеќавам дека читајќи од она што другите го напишале, понекогаш си се прашував дали тоа сме ние.“
Посочуваји дека Османлиите биле цивилизација ориентирана на луѓето, Мурат рече дека тие формирале мостови на добра волја, граделе мостови, покриени пазари, амами, јавни чешми, и додаде „Нашите предци како цивилизација ориентирана кон луѓето, тоа го правеле без разлика на јазикот, нацијата.“
Велејќи дека Балканот поседува структура која е повеќејазична, составена од повеќе религии и повеќе народи, Мурат истакна „Неопходно е кон Балканот да се пристапи со голема чувствителност и да се зајакне пријателството, бидејќи Балканот се наоѓа точно во средиштето на Европа. Балканот претставува синтеза која се наоѓа меѓу истокот и западот. Еден Европеец никогаш не може да го разбере Балканот доколку добро не ја разбере оваа синтеза“.
Опишувајќи ги сонародниците кои живат на Балканот како наследници на заедничкото османлиско културно наследство, Мурат истакна „На Балканот живеат 2,5 милиони сонародници. Културното наследство не можеш да живее со векови доколку нема физичка присатност. Тоа е значењето на овие сонародници на Балканот. Како второ, сонародниците со цел пошироко го заживеат ова наследство, значајни се нашите односи на сонародниците со блиските заедници. Тука многу е значаен човечкиот фактор“.
Мурат истакнувајќи дека Турција е моќна земја која има извонредни односи со земјите од Балканот, посочи дека културното наследство на Турција во земјите од Балканот заживува благодарение на ТИКА и други доброволни друштва.
Мурат рече дека на Балканот има на стотици илјади надгробни споменици кои се безгласни чувари и додаде „Ние не се откажуваме од овие простори бидејќи немаме друга алтернатива. Ние никому не му ги отстапуѕваме овие наши вредности. Овие вредност сме ние самите и должни сме по секоја цена да ги сочуваме. За овие идеали остануваме тука.“
Истакнувајќи дека најдобар пример за заедничкот онаследство претставува неговиот избор за претседател на Уставиот суд како Турчин, добивајќи гласови и од членовите Македонци и членовите Албанци, Мурат рече дека своето претседателство му го подарува на турско - северно македонските врски.