Fatjon Cuka
14 Септември 2021•Ажурирај: 14 Септември 2021
ТИРАНА (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел ја започна официјалната посета на Албанија, каде што беше пречекана со државна церемонија од страна на високите претставници на земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
На Меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“ во Тирана, Меркел беше пречекана од страна на министерката за Европа и надворешни работи на Албанија, Олта Џачка, и од други функционери.
Во меѓувреме, официјален државен пречек за Меркел е организиран во Тирана, каде што беа присутни премиерот Еди Рама, министрите во владиниот Кабинет, како и други функционери во земјата.
Рама и Меркел одржаа тет-а-тет средба, по што ќе се одржи билатерална средба меѓу делегациите, во чии рамки се планира да се дискутира за прашањата за економската политика и билатералните односи меѓу Албанија и Германија, но и за прашањата во врска со приближување кон Европската Унија (ЕУ).
Исто така, во Тирана се планирани билатерални средби со челниците на владите на Северна Македонија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
На крајот на средбите, премиерот Рама и канцеларката Меркел ќе одржат заедничка прес-конференција.