Admir Fazlagic
11 Декември 2020•Ажурирај: 11 Декември 2020
СКОПЈЕ (АА) - Генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија Мухамед Зекири учествуваше во изборот за фотографија на годината на Агенција Анадолија (АА).
На гласањето ќе биде избрана „Фотографија на годината“ во три категории, од фотографиите што ги направија фоторепортерите и репортерите на АА во Турција и низ светот.
За традиционалната „Фотографија на годината“ оваа година во категоријата „вести“ се натпреваруваат 31 фотографија, во категоријата „живот“ 30, додека во категоријата „спорт“ 15 фотографии.
Во категоријата Вести Зекири гласаше за фогографијата „Коронавирус протест во Рио" од фоторепортерот Фабио Теиксира на која се гледа демонстрант облечен во заштитна опрема против ширењето на Ковид-19 како на плажата Копакабана во Рио де Женеиро во Бризил, „погребува" жртви од коронавирусот (Ковид-19), што ја симболизира смртта која ја предизвикува Ковид-19 како и протестирањето поради постапките на бразилските власти за начинот на кој се справуваат со Ковид-19.
Во категорија „Спорт", Зекири ја одбра фотографијата „Копнеж по фудбал" на фоторепортерот Окан Џошкун на која се гледа стар брачен пар, навивачи на турскиот фудбалски клуб Малатјаспор, кои се сами на трибините од стадионот на овој фудбалски клуб на кој нема навивачи поради мерките преземени против ширењето на Ковид-19.
Во категоријата „Вести", Зекири ја одбра фотографијата „Заморот на докторите од коронавирусот" на фоторепортерот Тајфун Џошкун снимена во болничкиот центар „Бруклин" во Њујорк, на која се наоѓа здравствен работник.
„Се одлучив за овие фотографии затоа што мислам дека на најдобар начин ја отсликуваат годината што ја оставивме зад нас. Прватата фотографија го симблизира тоа што мислам дека нѐ засегаше сите во оваа година, тоа беа жртвите од коронавирусот. Втората категорија што е во однос на спортот повторно е поврзана со коронавирусот. Секако и спортот беше погоден во целата година затоа што спортот постои за луѓето, за публиката и без разлика дали се работи за млади или стари спортот има љубители и од сите возрасти. Ми остави впечаток сликата на бабата и дедото коишто се осамени на стадионот со празни трибини", рече Зекири.
За изборот на фотографијата од категоријата „Вести", Зекири рече: „Хероите на оваа година се докторите, медицинските работиници, ја отсликува 2020 година, но и заморот и целата снага и сила што ја дадоа за да им помогнат на луѓето во оваа 2020 година."