Admir Fazlagic
12 Април 2019•Ажурирај: 15 Април 2019
СКОПЈЕ (АА) - Започнаа раните уписи во интернационалното училиште „Маариф“ (Maarif International School) во Северна Македонија, што ќе траат во период од 1 до 30 април оваа година, јавува Anadolu Agency (AA).
Турската фондација „Маариф“, која има училишта во над 30 земји во светот, има училиште и во Северна Македонија. Училиштето се наоѓа во Тетово, во рамките на кое има градинка, основно училиште и средно гимназиско училиште.
Ова училиште нуди образование со посветени учители и комфорна средина соодветна за учениците. Училиштето има 44 училници, различни лаборатории, библиотеки, ателјеа, спортска сала и простор за одржување свечени манифестации.
Од училиштето информираат дека наставната програма по предметите физика, хемија и биологија, освен со теоретски предавања, поддржана е и со практични експерименти, а наставата по предметите од областа на информатиката се одвива во современо опремени лаборатории за изучување на информатичката технологија.
Училиштето поседува и модерна затворена спортска сала и професионални наставници и професори по физичко образование кои посветено работат со учениците по овие предмети.
Освен тоа, постои и амфитеатар со капацитет од 300 седишта, кој е наменет за кино и концерти.
За уметничките активности, училиштето располага со ателје за ликовна уметност, како и ателје по музичка уметност, кое им нуди можности на учениците да ги откријат и развијат своите таленти.
Училиштето „Маариф“ во рамките на својот објект има и активна мултилингвална библиотека која содржи дела на англиски, македонски, албански и турски јазик.
Меѓу другото, училиштето има своја трпезарија во рамките на која во хигиенски услови се подготвуваат различни јадења за учениците, а исто така, во рамките на интернатот има можност за сместување на над 140 ученици. Интернатот е поделен на машки и женски дел.
Ова училиште реализира и часови по учење и истражување во придружба на наставник, кој им помага на учениците во изучувањето.
Освен во Тетово, училиштето „Маариф“ своите активности ги спроведува и во Скопје, каде што од ноември минатата година е отворена градинка.
Градинките во Скопје и во Тетово се целосно опремени со цел да овозможат потребен развој и квалитетна настава за учење на децата.
Има игралишта каде што децата може да се забавуваат во безбедна средина, а за нив се грижи искусен наставен кадар.
„Заеднички вредности на човештвото се наша основа во образованието“, е мотото на училиштата на меѓународните училишта „Маариф“.