Evren Aydemir
08 Мај 2017•Ажурирај: 09 Мај 2017
БЕРЛИН (АА) - Бројот на баратели на азил во Германија во април изнесуваше 11.952, што е помалку во однос на претходниот месец, кога азил побараа 14.976 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Германија се наведува дека меѓу барателите на азил во април најмногу имало Сиријци, и тоа 2.579.
Минатиот месец азил побараа и 1.104 државјани на Ирак, 929 на Иран и 843 државјани на Авганистан.
Од јануари до крајот на април, азил во Германија побараа 60.872 лица, од кои 14.642 се Сиријци.