Dzihat Aliju
17 Август 2017•Ажурирај: 18 Август 2017
СКОПЈЕ (АА) - Здружението на независни индустријалци и бизнисмени (МУСИАД) Балкан, организира панел-дискусија во Скопје на темата „Можности за инвестиции на Балканот“, јавува Anadolu Agency (AA).
На организираниот панел учествуваа 18 претставници на компании членки на Трговско-индустриската комора на градот Афјонкарахисар од Турција, а бизнисмените од двете земји разменија идеи за можностите за инвестирање.
Претседателот на МУСИАД Балкан, Билал Кара, во својата изјава за новинарите рече дека во последните неколку години на Балканот се случуваат позитивни активности од економски аспект.
Тој истакна дека интересот на турските бизнисмени за Балканот расте.
„Во ова зголемување голем придонес имаат институции како МУСИАД, стопанските комори, невладини организации. Пред два дена организиравме програма во главниот град на Албанија, Тирана. На бизнисмените кои беа присутни им беа претставени можностите за инвестирање, трговските елементи во таа земја“, изјави Кара.
Тој рече дека на денешната програма на бизнисмените учесници ќе им биде претставен профилот на Македонија, а потоа ќе продолжат со билатерални разговори.
Министерот без ресор во Владата на Република Македонија, задолжен за странски инвестиции, Аднан Ќахил, рече дека новата влада се гордее со тоа што им даваат можност за инвестиции во Македонија за сите оние што покажуваат интерес за македонската економија.
Член на одборот од Трговско-индустриската комора на градот Афјонкарахисар, Метин Мерџан, рече дека се наоѓаат во Скопје за да ги развијат своите односи со бизнисмените од Македонија.
Панел-дискусијата на темата „Можности за инвестиции на Балканот“, со учество на бизнисмени од Трговско-индустриската комора на градот Афјонкарахисар на 15 август се одржа во главниот град на Албанија, Тирана, а на 19 август ќе се одржи во главниот град на Косово, Приштина.